Утрински Весник
Македонија

Пендаровски: ВМРО-ДПМНЕ никогаш не се извини за 27 април

Kiselavoda 9.jpg

„Никогаш не се извинија за 27 април, наместо тоа најавуваат амнестија за оние кои влегуваа да убиваат пратеници. И не само тоа ги нарекуваат уставобранители. И најверојатно ние другите што бевме внатре во Собранието, бевме насилниците. Веројатно самите сме си го организирале тоа. Да се немало ни срам ни перде, да ги прогласуваш насилниците кои сакаа да спречат промена на власта и власта да биде во рацете на оние кои ја добиј адовербата на граѓаните, значи дек ане почитуваш базични демократски права. Тие луѓе не се извинија ни за 2012 година, кога ги исфрлија како партал и новинарите и медиумите кога се усвојуваше буџетот од кој најголем дел беше наменет за Скопје 2014. Избегаа во странство и никој не им може ништо во меѓувреме,“ посочи Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски на граѓанската трибина во скопската општина Аеродром.

„Се разликуваме од режимот. Актуелни функционери се соочија со лицето на правдата.Меѓутоа не отидовме до крај во тоа. Зошто? По мое длабоко убедување, некои судии и обвинители беа под директно влијание на центрите на политичка моќ, и немаа намера да ги процесираат очигледните криминали и пљачки на народот,“ рече Пендаровски.

Тој повика на јавно ветување, ако ја добие довербата на граѓаните, прва задача да биде длабок ветинг на сите судии но и на политичарите.

Можете да прочитате

Минчев: Имаме преголема и пребавна јавна администрација, работиме на нејзино кратење

Кичево – Охрид ќе биде завршен до крајот на 2026 година, ветува Николоски

ВО МАКЕДОНИЈА ДОАЃА ГОЛЕМ ВЛАЖЕН И ЛАДЕН ЦИКЛОН: Ќе донесе многу дожд, снег и снежна покривка од над 40 сантиметри!