Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Пендаровски со „Вајмарската тројка“: покрај уставните измени нагласена важноста од владеење на правото и борбата со криминалот

Пендаровски со „Вајмарската тројка“: покрај уставните измени нагласена важноста од владеење на правото и борбата со криминалот
300x250 opst2

Претседателот Стево Пендаровски оствари средба со министерката за Европа на Сојузна Република Германија, Ана Лирман, државната секретарка задолжена за Европа при Советот на министри на Француската Република, Лорeнс Бун и министерот за Европска Унија на Република Полска, Шимон Шинковски вел Сенк, познати како „Вајмарска тројка“.

dobivaj vesti na viber

На средбата се разговараше за преговарачкиот процес на Северна Македонија за членство во ЕУ, имплементацијата на задачите кои произлегуваат од преговарачката рамка, како и за можностите за забрзување на евроинтеграцијата на земјава.

Пендаровски истакна дека државата останува посветена на започнатиот преговарачки процес и на спроведувањето на сите неопходни реформи, посочувајќи дека членството во ЕУ е наш стратешки интерес и неопходна е силна политичка волја од страна на сите политички фактори со цел исполнување на преземените обврски.

Покрај неопходните уставни промени, беше нагласена важноста од владеење на правото, изградба на функционална правна држава, како и поуспешна борба со организираниот криминал и корупција.

Соговорниците на средбата разменија мислења и за актуелните политички случувања во земјава и регионот.

Можете да прочитате

Универзална сала и Вардариште вечни ветувања за Скопје што никогаш не се реализираа

Падна дел од фасадата во центарот на Скопје, ограден е делот на тротоарот поради опасност за минувачите

Стоп за вардариште од утре ќе протестираат од 15 до 18 часот на мостот „Близнак“