Утрински Весник
Македонија

Пендаровски со граѓани, Силјановска со функционери на ВМРО-ДПМНЕ, кој со кого се слика на овие избори?

B586c621 86dd 422d 8937 71fe9f026736.jpg

Денеска е третиот ден од кампањата за претседателските избори, а кандидатите за претседател откако ја утврдија динамиката, секојдневно се среќаваат со граѓаните на средби, прошетки и митинзи.

Сите се активни и на социјалните мрежи, објавувајќи албуми со фотографии, видеа но и други иновативни содржини. 

И токму во објавите на социјалните мрежи се забележува една силна разлика меѓу двата главни фаворити за вториот круг на изборите, Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова. 

Во објавите кај Пендаровски доминираат граѓаните од сите возрасни групи и социјални категории, кај Пендаровски на фотографиите се гледа срдечност, пристојност и ведрина како негова, така и на граѓаните присутни на неговите настани.

За разлика од Пендаровски, на објавите кај Силјановска Давкова доминираат партиските функционери.

На фотографиите кај Силјановска Давкова речиси и не може да се забележи каков било контакт меѓу неа и граѓаните, но таа е постојано во друштво на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски и други функционери на партијата, што од централно што од локално ниво. 

Но не е само оваа разлика што е воочлива во првите два дена од кампањата. Пендаровски како натпартиски кандидат ја води кампањата сам со својот изборен штаб, додека Силјановска Давкова постојано е придружувана од страна на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски и членови од највисокото раководство на партијата. 

Можете да прочитате

Честитка од ВЛЕН по повод 28 Ноември – Денот на независноста на Албанија

СДСМ: Јаловите напади на ВМРО-ДПМНЕ се доказ за нивната нервоза и страв од промените во СДСМ

Филипче: Започнуваме веднаш со работа, најавувам посета на сите општински организации