Утрински Весник
Македонија

Пендаровски се сретна со директорот на Меѓународната организација за миграции, Антонио Виторино

Пендаровски се сретна со директорот на Меѓународната организација за миграции, Антонио Виторино

Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими генералниот директор на Меѓународната организација за миграции (ИОМ), Антонио Виторино.

dobivaj vesti na viber

На средбата се разговараше за тековните активности на организацијата во Република Северна Македонија во однос на прашања врзани со миграцијата.

Претседателот Пендаровски се заблагодари за севкупната поддршка што организацијата ја дава на македонските институции во градењето капацитети за менаџирање на миграцијата, заштитата на мигрантите, борбата против трговијата со луѓе, како и поддршката во усогласување на системот за управување со миграцијата со правото на Европската Унија.

Можете да прочитате

Избувна пожар кај Морани – 24info.mk

Средба на министерот Муцунски со сенаторот Петер Велч во Вашингтон

Од протестот во Скопје: Барања за одговорност за полицијата, обвинителството и центрите за социјална работа