Утрински Весник
Македонија

Пендаровски, Ковачевски и Вучиќ ќе се обратат на академија по повод националниот празник на Србите

20240127103903 Big 730x400 12

Претседателот Стево Пендаровски, премиерот Димитар Ковачевски и претседателот на Србија Александар Вучиќ вечер ќе се обратат на Светосавската академија на која по 15. пат ќе се одбележи националниот празник на Србите, денот на просветителот Свети Сава.

Настанот е во организација на Српскиот културен центар во Скопје. Во поканата се наведува дека на настанот официјални обраќања ќе имаат официјални претставници од Република Северна Македонија, Република Србија и Република Српска, како и дека со богата културна-уметничка програма ќе биде претставена културата, духовноста и традицијата на српскиот народ.

Српскиот претседател Александар Вучиќ своето доаѓање во Скопје го најави уште во понеделникот на 22 јануари, кога учествуваше на самитот за Планот за раст на Западен Балкан, заедно со останатите лидери од регионот.

-За неколку дена повторно ќе дојдам во Северна Македонија. Ќе се одржи Академијата по повод Свети Сава, каде што јас и претседателот Стево Пендаревски ќе се обратиме пред претставниците на српскиот народ. Ќе бидеме гости на свечената академија, рече Вучиќ.

Можете да прочитате

Бишев: Јавниот долг до крајот на годината би изнесувал околу 68,5%

Нов земјотрес вечерва повторно ја стресе Македонија

Перински: ЈП „Улици и патишта“ нема пари за плата, а не пак да чисти снег