Утрински Весник
Македонија

Пендаровски и Гир разговаа за политичките случувања во С. Македонија по формирањето на преодната Влада и можноста за напредок на европските аспирации

Foto 1.jpeg
Dik 300x250 mk

Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими шефот на делегацијата на Европската Унија во Република Северна Македонија, амбасадорот Дејвид Гир.

На средбата се разговараше за политичките случувања во земјата по формирањето на преодната Влада и во пресрет на изборниот процес, како и за можностите за напредок по однос на европските аспирации на државата.

Реафирмирајќи ја европската интеграција како стратешка цел на државата, претседателот Пендаровски посочи на потребата за задржување на фокусот на реформите од страна на сите чинители во македонското општество, по успешно завршениот скрининг процес.

На средбата беа разменети и мислења за перспективите за натамошно продолжување на преговарачкиот процес, прашањата што се очекува да бидат најактуелни во преговорите, како и за конкретните придобивки од процесот. Во тој контекст беше истакнато дека напредокот во интеграцијата на земјите од регионот во Европската Унија позитивно ќе се одрази на регионалната соработка, стабилноста и напредокот на регионот.

Можете да прочитате

Министерството за дигитална трансформација објави јавен повик за изработка на веб страници

Предложен нов список на лектири во основното образование, МОН повикува на јавна дискусија за негово дефинирање

Битиќи: Европа бара резултати, не националистички приказни!