Утрински Весник
Македонија

Пендаровски ќе одликува 13 истакнати дејци од областа на македонската народна музика со Медал за заслуги

Пендаровски ќе одликува 13 истакнати дејци од областа на македонската народна музика со Медал за заслуги

Претседателот Стево Пендаровски, денеска на свечена церемонија во Филхармонија со почеток во 18:00 часот, а во пресрет на 11 Октомври, Денот на народното востание, ќе ги одликува Анка Гиева и Виолета Томовска, и постхумно Пеце Атанасовски, Никола Бадев, Мирвет Беловска, Ајри Демировски, Васка Илиева, Вања Лазарова, Кирил Манчевски, Тале Огненовски, Кочо Петровски, Александар Сариевски и Јонче Христовски со Медал за заслуги.

dobivaj vesti na viber

Одликувањето се доделува за нивниот најголем придонес во негувањето, популаризацијата и во зачувувањето на македонската народна и изворна песна, како и за промоција и за афирмација на македонското музичко творештво и на културата во интернационални рамки, соопштија од кабинетот на Пендаровски.

Можете да прочитате

Облачно со утринска магла, приквечер локални врнежи од дожд

Патролни возила со радар и 360° камера тргнуваат по прекршителите низ улиците

Лишен од слобода возач од Куманово кој пијан предизвикал сообраќајна несреќа