Утрински Весник
Македонија

Пендаровски ќе му го врачи мандатот на Џафери за преодна Влада

Img 1508

Претседателот Стево Пендаровски денеска во 15:00 часот, ќе му го врачи мандатот на Талат Џафери, за состав на преодна Влада за спроведување на избори на пратеници.

Собранието во рамки на 139. седница ги констатираше оставките на премиерот Димитар Ковачевски и на Талат Џафери, претседател на Собранието. Во Парламентот се одвива дебата пред да се пристапи кон гласање за предлогот Јован Митрески да биде претседател на Собранието.

Седницата за избор на преодната Влада, чиј состав е веќе познат, треба да биде закажана за недела 28 јануари.

Можете да прочитате

По 13 години пауза, продуктоводот Солун – Скопје подготвен за работа, завршени сите технички контроли

Нови дојави за бомби во основните и средните училишта во Тетово

Кривична за пет лица, организирале сеча и транспорт на дрвна маса од државни парцели