Утрински Весник
Македонија

Пендаровски: Дали ќе го потпишам указот за коридорите зависи од мене, не од политичките партии

Пендаровски: Празнувањето на денот посветен на големиот просветител за нас има многу повеќе од духовно и религиозно значење

Претседателот Стево Пендаровски ги коментираше предложените законски измени поврзани со коридорот 8 и 10д.

dobivaj vesti na viber

„За давање указ за важење на законите не примам совети од никого, а најмалку од политичките партии“, рече Пендаровски при денешната посета на Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово.

Објасни дека кога ќе ги донесат законите во конечна верзија во Парламентот, тогаш тој ќе седне со неговиот правен тим да видат дали има основа за таков нешто.

Во врска со уставните измени, Пендаровски рече дека е отворен за форуми или средби на кои би се разговарало, но мора да има согласнот од двете, трите, петте страни – учеснички, а во овој момент нема таква согласнот.

На новинарско прашање за предлогот на некои партии за замена на фразата „20 проценти“ со албански јазик, претседателот Пендаровски рече дека тоа не му пречи.

Можете да прочитате

Честитка од ВЛЕН по повод 28 Ноември – Денот на независноста на Албанија

СДСМ: Јаловите напади на ВМРО-ДПМНЕ се доказ за нивната нервоза и страв од промените во СДСМ

Филипче: Започнуваме веднаш со работа, најавувам посета на сите општински организации