Утрински Весник
Македонија

Пендаровски-Бегај: Разменети мислења за текот и можните предизвици во преговарачкиот процес со ЕУ

Пендаровски-Бегај: Разменети мислења за текот и можните предизвици во преговарачкиот процес со ЕУ

Во рамки на учеството на процесот Брдо-Бриони, претседателот Стево Пендаровски денеска оствари средба со претседателот на Република Албанија, Бајрам Бегај.

dobivaj vesti na viber

Пендаровски му честита на Бегај за изборот на претседателската функција, му посака успешен мандат и изрази очекување дека во периодот што следи двете земји ќе продолжат да ги унапредуваат добрососедските односи.

Двајцата претседатели разменија мислења за актуелните случувања во двете земји по официјалниот почеток на пристапните преговори за членство во ЕУ, за текот и можните предизвици во преговарачкиот процес. Во таа насока, соговорниците изразија подготвеност за интензивирање на соработката и размена на меѓусебни искуства во процесот на трансформација на двете општества и доследно спроведување на европските реформи во сите витални области, информираат од неговиот кабинет.

Можете да прочитате

„Летал“ со 178 км/ч: пресретнувач го запре возачот на патот Штип–Радовиш

Мицкоски дециден: Уставни измени под уцена нема да има, заврши времето на политички марионети

Алиу: Со законски измени ја враќаме одлуката за дарување органи кај граѓанинот