Утрински Весник
Спорт

Пелистер поуспешен од ТФТ во АБА 2

Пелистер поуспешен од ТФТ во АБА 2

Пелистер убедливо го совлада ТФТ со 75:65 во македонскиот кошаркарски дуел во АБА 2 лигата. Составот од Тафталиџе комплетно потфрли на стартот, а Пелистер првиот период го доби со 25:8. На полувреме битолскиот тим убедливи 18 поени предност (41:23).

dobivaj vesti na viber

По третата четвртина веќе и немаше никакви дилеми околу победникот, а тимот на Марјан Илиевски во 32.минута водеше и со 30 поени разлика (69:39). До крајот, ТФТ малку се стегна, па на крајот извлече и многу пристоен пораз.

ТФТ за два дена игра против Сутјеска, додека Пелистер со Шенчур.

Можете да прочитате

Вечерва се враќа Лигата на шампиони

ФИФА го осуди однесувањето на фудбалерите на Сенегал

Ојлески ново име во составот на македонската репрезентација