Утрински Весник
Свет

Пелегрини за Фицо: Лекарите не планираат нови операции, конзилиум во понеделник

677z381 Fico Pelegrini.jpg
Dik 300x250 mk

Лекарскиот конзилиум во болницата во словачкиот град Банска Бистрица најверојатно ќе се состане в понеделник кога треба да одлучи за понатамошноите чекори во лекувањето на премиерот Роберт Фицо, на кого беше извршен атентат во средата, изјави новоизбраниот претседател Петер Пелегрини.

Тој во четвртокот го посети Фицо, по што изјави дека лекарите кои се грижат за него не планираат нови операции, пренесува словачкиот портал Правда. Пелегрини рече дека му претстојат критични часови и денови на премиерот и дека доколку дозволат лекарите, тој повторно ќе го посети.

„Се разбира, откако ќе се подобри, колку што го знам, ќе почне внимателно да ги следи сите случувања. Пред нас се многу важни чекори“, истакна Пелегрини.

Фицо е тешко повреден кога во средата, по седницата на Владата во градот Хандлова, напаѓачот, за кој медиумите пренесуваат дека е 71-годишниот писател Јурај Цинтула, испукал неколку истрели кон него од непосредна близина.

Можете да прочитате

ОН доставија над 24.000 тони хуманитарна помош во Газа од почетокот на прекинот на огнот

Мерц и Ердоган со спротивставени ставови за војната во Газа

Над 130 убиени лица во полициска акција во Бразил