Утрински Весник
Македонија

Педесет проценти од царините ќе бидат усогласени со Европскиот царински тарифник почнувајќи од 1 јули , останатите 50 проценти од 1 јануари

Carina.webp.webp

Педесет проценти од царините ќе бидат усогласени со Европскиот царински тарифник почнувајќи од 1 јули оваа година, а останатите 50 проценти од 1 јануари следната година. Тоа ќе даде можност производителите да го зголемат своето производство, да имаме поголем извоз и поголем приход за компаниите, информираше денеска премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање што предвидуваат новите измени на Законот за царини.

Тоа е уште еден акутен проблем што го имаше бизнисот, нагласи Мицкоски и додаде дека сето тоа се прави заедно со стопанските комори и со Сојузот на странски инвеститори во државата.


– Уште едно тешко наследство од минатото, тие се дел од тие парафискални давачки што го отежнуваа работењето и на странски и на домашни производители, бидејќи царината на суровините беше неусогласена со Европскиот царински тарифник и ние тоа го правиме преку ова законско решение, изјави премиерот Мицкоски денеска по посетата на реконструираното одделение за систематски преглед во Институтот за јавно здравје.

Мицкоски напомена дека исто така со овие измени го усогласуваат и царинскиот тарифник за т.н. акумулатори на електрична енергија или резервоари за складирање  електрична енергија што се прозведува, од сегашните 15 проценти на 2,5 или 2,7 проценти, со што, како што рече, ќе се олесни драматично инсталирањето на вакви уреди.

Можете да прочитате

Хаос во емисија: Боки 13 и Рускоска разменија обвинувања во живо пред јавноста

Арсовска: Град Скопје ја казни „Адријус“ за див приклучок, се чека на ОЈО и МВР

Собранието се штити од граѓаните: Нов закон забранува протести и дронови околу парламентот