Утрински Весник
Свет

Педесет лица се повредени во пожар во фабрика за автоделови во Јужна Кореја

20260320092929 big 730x400 25.webp.webp

Повеќе од 50 лица се повредени во пожар што избувна во фабрика за автомобилски делови во јужнокорејскиот град Деџон.

Се наведува дека 35 лица се во тешка состојба. Националната противпожарна служба повика на национална мобилизација за справување со пожарот во Деџон, околу 160 км јужно од главниот град Сеул.


Околу 240 лица се мобилизирани за борба против пожарот, објавија јужнокорејска новинска агенција.

Премиерот на Јужна Кореја, Ким Мин-сеок нареди „приоритет да се даде на спасувањето животи“.

Можете да прочитате

Иран нападна цели во соседните земји

Кошта: Никој не може да ги уценува институциите на ЕУ

Зеленски: САД дава сигнали за продолжување на мировните преговори со Русија