Утрински Весник
Економија

Педесет и пет ветерници кои ќе произведуваат еден терават час електрична енергија и 630 нови вработувања, се дел од придобивките од новиот Ветерен парк

20240625114944 Big 730x400 33.webp.webp

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски денеска оствари средба со претставниците на „Алказар енерџи“ за инвестиција во енергетиката вредна 450 милиони евра за целосна енергетска независност.

– Струја за 100.000 домаќинства, 55 ветерници коишто ќе произведуваат еден терават час електрична енергија, 630 нови вработувања, најголема инвестиција во сегментот на парк со ветерници. Инвестиции за подобар животен стандард – објави Владата на својот фејсбук-профил.

Во Скопје во тек е настан на кој што ќе бидат објавени детали во врска со оваа инвестиција, на која ќе се обратат претседателот на Владата Христијан Мицкоски, министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска и Даниел Калдерон, коосновач и управувачки партнер на „Алказар енерџи“.

Можете да прочитате

Македонија првпат добива Методологија за енергетска сиромаштија

Македонска делегација во стручна посета на рудникот „Ада Тепе“ во Бугарија – пример за одржливо и еколошки одговорно рударство

Мицкоски: Трговијата во индустријата е зголемена за 13-14% во јули, споредено со истиот месец лани