Утрински Весник
Магазин

„Пејџ Сикс“: Меланија Трамп не сака да биде прва дама

D0bcd0b5d0bbd0b0d0bdd0b8d198d0b0 D182d180d0b0d0bcd0bf D181d0b5 D0bfd180d0b5d181d0bed0b1d0bbd0b5d187d0b5 D0b2d0be D184d183d181d182d0b0 63dd7d5f162c2.jpeg

Меланија Трамп едноставно повеќе не сака да биде прва дама. Барем не со полно работно време, пишува Page Six, повикувајќи се на извор близок до Трамп, според кој Меланија склучила договор со Доналд Трамп дека, во случај на неговата победа на претседателските избори, таа повеќе нема постојано да биде со него и да ги извршува сите протоколарни обврски.

Причината за оваа нејзина одлука е што наесен нивниот син Барон Трамп ќе запише универзитет во Њујорк, а со оглед на тоа дека младиот Трамп никогаш не бил далеку од своите родители, Меланија решила да му даде предност на синот пред сопругот.

„Барон ќе студира во град со демократско мнозинство, па мајка му се грижи како ќе се снајде таму сам. Тој оди во непознат град, со дополнителен потенцијален стрес бидејќи е син на Трамп, па Меланија ќе биде таму колку што е можно повеќе со него за да му помогне во прилагодувањето“, вели извор близок до семејството Трамп, опишувајќи ја Меланија како изразено заштитнички настроена мајка која ја отфрлила идејата нејзиниот син да се појави како републикански делегат на Републиканската национална конвенција во Флорида.

Во мај, кабинетот на Меланија Трамп со жалење ја одби понудата на Републиканската партија на Флорида Барон да биде нивен претставник.

„Иако Барон е почестен што е избран од Републиканската партија на Флорида за нивен делегат, тој не може да ја прифати поради претходно преземени обврски“, пишуваше во соопштението од кабинетот на Меланија.

Page Six наведува дека Меланија го сака Њујорк, опишувајќи го како град каде што се чувствува безбедно и додаваат дека таа од есен ќе го поминува најголемиот дел од времето во „Trump Tower“ во Њујорк.

Што се однесува до Доналд, тој се согласил со сè, пишува Page Six.

Можете да прочитате

Неделен РЕсет вежбање на отворено со Елена Бубало во организација на Реплек 

Ако се појавува мраз во замрзнувачот, направете го ова и ќе бидете задоволни

Денес почнува Петровденскиот пост: Мора да ги испочитувате овие две правила, инаку ве чека несреќа