Утрински Весник
Македонија

Пазарните инспектори во засилени контроли дали се точи алкохол на малолетни лица

Alkohol.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Државниот пазарен инспекторат (ДЗИ) најави дека во наредниот период ќе спроведува засилени контроли на терен во согласност со Законот за угостителска дејност и Законот за заштита од пушење. Контролите ќе бидат спроведувани во координација со Министерството за внатрешни работи, и тоа низ цела територија на државата, со акцент на спречување на послужување алкохол на малолетни лица.

– Послужување алкохол на малолетни лица е кривично дело, а казните за оние угостители што ќе бидат затекнати како послужуваат алкохол на малолетни лица се ригорозни и се движат до 4.000 евра. Освен парични казни, се изрекуваат и казни за забрана за работа во период од еден месец. Апелираме до угостителите да постапуваат во согласност со обврските кои произлегуваат од Законот за угостителска дејност, по кој се должни да ја утврдат возраста на лицето на кое се послужува алкохол! Доколку Пазарниот инспекторат утврди нерегуларности, најригорозно ќе постапува!, наведуваат од ДЗИ.


Од Државниот пазарен инспекторат истакнувата и дека заедно со останатите надлежни институции и понатаму ќе продоли да спроведува заеднички акции кои ќе ги спречат дејствата поврзани со послужување алкохол на малолетници.

Евентуални неправилности граѓаните можат да пријавата на телефонскиот број 191 или на www.dpi.gov.mk.

Можете да прочитате

Предлог законот за ратификација на Договорот за изградба на железничкиот тунел меѓу Бугарија и Северна Македонија го помина комисискиот филтер

ТХП: Потребна е конкретна и непосредна иницијатива од страна на Владата за дијаспората да се врати и инвестира во Македонија

Четврта изведба на оперетата „Лилјакот“ во МОБ