Утрински Весник
Македонија

Пазарната ги тресе маркетите и пекарниците, 170 инспектори на терен

Пазарната ги тресе маркетите и пекарниците, 170 инспектори на терен

Државниот пазарен инспекторат од утрово интензивно прави контроли во маркетите и пекарниците, каде што се проверува дали се почитува одлуката на Владата за замрзнување на цената на лебот. Инспекторите ќе нотираат и кои маркети не добиле леб поради најавениот штрајк на производителите.

dobivaj vesti na viber

„Инспекторите се на терен и вршат надзори во однос на одлуката што ја донесе Владата за замрзнување на цената на лебот. Кога ќе завршат со контролите, кон крајот на денот, ќе има сублимација на информациите по што ќе се знае фактичката состојба“, велат од Пазарниот инспекторат.

Од таму додаваат дека сите инспектори, односно околу 170 од нив, се на терен во цела Македонија.

„Макфакс“ направи обиколка на маркети од повеќе брендови, како и на пекарници. Без леб останаа некои од нив по одлуката на Владата да ја замрзне цената на 33 денари. Рафтовите, каде што до вчера стоеја полубелиот и белиот леб, во најголем дел се празни. Онаму каде што има леб, тој е производство на помали фурни и се продава по усогласени цени. Рафтовите на кои стои лебот чија цена не е замрзната и денеска се полни.

Можете да прочитате

ВМРО-ДПМНE: Додека СДС штанца соопштенија дека лошо се живее во државата, Филипче ужива со Заев во јахта на Егејското море

ВРЕДИ: Бујар Османи е симбол на дваесетгодишната корупција

Полицијата легитимирала новинари кои ја следат смената на директорката во училиштето во Демир Хисар