Утрински Весник
Балкан

Пазари во Грција започнаа штрајк на неодредено време

Pazar.webp.webp

Продавачите и производителите на пазарите низ цела Грција од денеска стапија во штрајк на неодредено време, по одлука на нивните федерации, јави дописничката на МИА од Атина. Меѓу нивните главни барања се намалување на трошоците за производство, укинување на паушалниот начин на оданочување и итно повлекување на дополнителниот данок. Од федерациите објаснуваат дека производителите и земјоделците пласираат свои производи по ниски цени, но политиките што се применуваат ја зголемуваат вредноста на трошокот во секоја фаза од дистрибуцијата, поради што немале друг избор освен да штрајкуваат.

„Националниот штрајк на неодредено време испраќа порака во сите насоки. Пазарите ги поддржуваат домаќинствата, земјоделците и потрошувачите. Нема да дозволиме да станат жртви на политики што водат кон монополизација на пазарот, изобличување на цените и девалвација на примарниот сектор“, соопштија од федерациите.

Како резултат на штрајкот, сите пазари во Грција се затворени додека протестот трае.

Можете да прочитате

Вучиќ: Цел месец зборам дека САД ќе го нападне Иран, ако ова продолжи, нè чека пекол

Иран најавува можен напад врз базата на МЕК во Албанија

Српските државјани се евакуираат од Израел преку Египет