Утрински Весник
Македонија

Павле Трајанов: Владата предлага пет закони со евроско знаме за сопствена амнестија

Павле Трајанов: Владата предлага пет закони со евроско знаме за сопствена амнестија

Владата достави пет закони и тоа со европско знаме, со цел да се легализираат коруптивните елементи на договорот со „Бхетел и Енка“, како и да се амнестираат членовите на Владата кои го усвоиле договорот и неговите потписници, рече пратеникот павле Трајанов на денешната седница во Собранието.

dobivaj vesti na viber

Со потпишување на договорот во кој има одредби кои се спротивни на Законот за утврдување на јавен интерес и номинирање на стратешки партнер за изградба на коридорите 8 и 10 д, како и на одредби од законите за урбанистичко планирање, градење, експропријација и работни односи, се работи за класична злоупотреба на службената положба и постојат основани сомненија за кривична одговорност, смета Трајанов.

„Обидот на Владата преку пратеници да предложи 9 закони, беше неуспешен за дел од тие закони, сега Владата предлага пет од нив, но по скратена постапка и со европско знаме, со цел тие да бидат донесени без можност да бидат „блокирани“ од пратеници кои не се согласуваат со решенијата содржани во предлог-законите. Овие закони ги предлага со европско знаме, но се работи за класична злоупотреба, бидејки предложените измени не се во насока на усогласување на нашите закони со законодавството и стандардите на ЕУ“, рече пратеникот.

Доколку Парламентот ги усвои овие пет закони, во суштина ќе се случи тежок институционален криминал, вели тој, бидејќи ќе се амнестираат од одговорност сите министри и премиерот и ќе се легализира грабеж од огромни размери.

Според него, одлуката и одговорноста е кај пратениците, или ќе спречат грабеж на столетието или ќе ги амнестираат министрите и потписниците на овој коруптивен договор, кој пратениците не можат да го видат.

Можете да прочитате

Меџити: Ја напуштам Владата, тргнува во битката за Чаир

Делегации на СДСМ за Илинден во Крушево, Скопје и Пелинце

На „Табановце“ се чека околу 45, на „Богородица“ околу 30 минути