Утрински Весник
Македонија

Павле Трајанов: Демократски сојуз поднесе предлог за измени на Изборниот законик

Logods.jpg

Соопштение на Демократски Сојуз:

Претседателот на Демократски сојуз, Павле Трајанов, денес до Парламентот, го достави Предлог -Законот за измени на Изборниот законик со кој се предлага Макединија да биде една изборна единица.


Ваквите измени  ќе значат силен поттик на демократизација на изборниот процес и на државата во целина, како и демонтажа на „еднопартискиот систем” на владеење и зголемување на одговорноста на извршната и законодавната власт.

Во процесот на носење на круцијални одлуки ќе бидат вклучени повеќе партии и ќе јакне законодавна контрола над извршната власт.

Со измените, зад секој пратеник ќе стојат ист број на гласачи ,а не како досега во изборна единица шест пратеник да се бира со 6 300 гласа, а во изборна единица три, со 10 илјади гласа.

Предлагаме да остане пропорционалниот модел, без изборен праг ,а пратениците да се пресметуваат по Донтовиот модел.

Со предлогот се овозможува и самостоен настап на партиите од помалите етнички заедници и се гарантираат места во Парламентот доколку имат поддршка од гласачи потребни за пратеник.

Во врска со идејата за отворени листи укажуваме дека истата се уште не е добро проучена, а искуствата во другите држави покажаа многу слабости.

Предлагаме на претстојните локални избори да се почне со отворени листи за советници само во неколку општини (Центар, Струга и Гевгелија).

 Предлог законот за измена на изборниот законик, можат пратениците да го дополнат и со забелешките на ОБСЕ И ОДИХР.

Инаку, Демократскиот сојуз повеќе од 15 години ја актуализира потребата од коренити измени на изборните правила, идеја која има и огромна граѓанска поддршка, но досега оваа заложба беше блокирана со флоскулата „општ консензус”.

Последниот обид (предлог поднесен во 2022 година ) за Македонија да биде една изборна единица беше блокиран од СДСМ и ДУИ.

Можете да прочитате

„Луке, собери си ги кучињата!“ – Арсовска во жесток судир со советниците на Град Скопје

ЈОУ Библиотека „Гоце Делчев“ – Гевгелија одбележува 80 години од озаконувањето на македонскиот правопис

Гевгелија – домаќин на Друштвото на новосадски книжевници со промоција на меѓународната антологија „Нов духовен мост“