Утрински Весник
Македонија

Патролни возила со радар и 360° камера тргнуваат по прекршителите низ улиците

Img 2250.jpeg

Министерството за внатрешни работи набрзо ќе ги пушти во употреба новите патролни возила опремени со 360 степени камери, кои ќе служат за мобилно мерење на брзината, санкционирање на непрописно паркирање и казнување на возачи кои не пропуштаат пешаци.

Според информации на 24Инфо, белите „Форд Фокус“ модели се снабдени со интегриран радарски систем, камери со висока резолуција и напреден софтвер кој во момент го лоцира и документира прекршок. Овие возила ќе патролираат низ улиците каде нема поставени фиксни камери, а системот автоматски ќе испраќа казни по е-пошта.

„Конечно ќе има ред и на споредните улици“, велат извори запознаени со проектот.

Можете да прочитате

Лишен од слобода возач од Куманово кој пијан предизвикал сообраќајна несреќа

Изгоре куќа во Тетово, пожарникарите брзо интервенираа

Пред Мицкоски е последниот лидерски мандат во ВМРО-ДПМНЕ: „Нема да барам измени на Статутот и нема да се кандидирам за шеф на државата“