Утрински Весник
Македонија

Патот од Подмоље до Охрид од вечерва ќе се пушти за сообраќај

1000048671.jpg

Министерството за транспорт и врски информира дека од вечерва ќе се пушти за сообраќај за сите возила делницата од Подмоље до Охрид, како дел од автопатот Кичево -Охрид.

По тој повод вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски и директорот на ЈП за државни патишта Коце Трaјановски, денеска извршија увид во изградбата на оваа делница.


Констатирано беше дека изградбата на автопатот се одвива според договорената динамика и покрај бројните проблеми во минатото. Градбата на автопатот Охрид- Кичево беше во целосен застој во време на СДСМ и ДУИ, цели 7 години не се работеше ништо. Со доаѓањето на ВМРО -ДПМНЕ на власт почна да се работи со полна динамика и се очекува до крајот на 2026 целиот автопат Охрид- Кичево да се пушти во функција.

Делницата Подмоље – Охрид беше затворена за сообраќај според одобрен времен режим се со цел да се комплетира нејзината изградба. Во меѓувреме сообраќајот се одвиваше со стариот регионален пат.

Можете да прочитате

Министерот Перински во работни посети на Свети Николе и Чешиново – Облешево со фокус на локалниот развој

Кумановец ја претепал сопругата, ОЈО бара притвор

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ шест дена молчи заглавена во промашени ПР стратегии под диктат на Башановиќ