Утрински Весник
Македонија

ПАТОТ КОН ЕВРОПСКА УНИЈА НЕ ПОДРАЗБИРА ДВОУМЕЊЕ

Anastasovski.jpeg

Пишува: Иван Анастасовски, професор на Факултетот за физичко образование, спорт и здравје

Интеграција во Европска Унија за Македонија претставува во спортски жаргон кажано трчење маратон. Маратон е трка на патека од 42 километри која е воведена на Летните Олиписки игри во Атина во далечната 1890 година и тоа во чест на еден војник кој истрачал таква делница да соопшти победа над Персиците, по што умрел.

Но да тргнеме со ред нашиот маратон почнува со референдумот за независна држава на 8 септември 1991 година како најзначен ден за нашата независнот, и при тоа да видиме каков е изгледот на маратонот преку хрнологија на настаните на нашиот пат кон интеграција во Европска Унија. Маратнот започнува во месец октомври 1992 година кога Република Македонија назначува свој претставник во Брисел, потоа на 22 декември 1995 година Република Македонија и Европската Унија воспоставуваат дипломатски односи кога ЕУ ги отвора преговорите со Република Македонија во насока на склучување на Спогодба со широк опфат на соработка на полето на трговијата, финансиските операции и транспортот, Февруари 1996 година ја подигаме нашата постојна мисија во Брисел на амбасадорско ниво, 20 март 1996 година ги започнуваме преговорите за склучување на Спогодба за соработка помеѓу нашата држава и Европските заедници.

Во 1998 година Собранието на Република Македонија едногласно донесе Декларација за развој на односите на Република Македонија со Европската Унија а во 2000 година и Декларација за натамошен развој на односите на Република Македонија со Европска Унија. Поради многу голем број на датуми во маратонот наречен Европска Унија би сакал да ги нотирам позначајните и тоа на 24 јануари 2000 година беа усвоени директивите на Европската Комисија предложени до Советот на Европа кои се однесуваат на подигнувањето на нивото на соработка помеѓу Република Македонија и Европска Унија, како и на формалното започнување на преговорите за потенцијално членство во ЕУ, во месец февруари 2004 година Македонското Собрание усвои „Декларација за поднесување на апликација за членство во Европската Унија„ со што на свечена церемонија во Даблин, Република Ирска тогашната Влада на Република Македонија го поднесе барањето за полноправно членство во Европската Унија, понатака на 1 април 2004 стапува на сила Спогодбата за асоцијација и стабилизација која беше ратификувана од сите земји членки на Европската Унија. На 30 јануари 2006 година Советот на Европска Унија го усвои Европското партнерство со Република Македонија. На 27 ноември 2007 година Собранието усвои Резолуција за приоритетите при пристапување на Република Македонија во Европска Унија и отворање на преговорите за членство во ЕУ со што со тој документ и се даде на Владата целосна поддршка во исполнување на неопходните критериуми за наше полноправно членство во Европска Унија а со тоа нашето Собрание (Македонија е парламентарна демократија) изрази целосна готовност за промовирање на реформите и достигнувањата на Република Македонија за што поскоро отпочнување на преговорите за членство во ЕУ.

Стигнав со цитирање на акти и документи до 2007 година денес е 2024 за некој месец 2025 година значи почнувајќи од 1992 година која активно и недвосмислно како држава сме го дефинирале нашиот маратонски пат знаејќи при тоа дека ќе има голем број на пречки се со цел да не успееме на тој пат. Се паршувам дали некој спортист (маратонец) би се откажал на 30 или пак 35 или 40тиот километар ако веќе ја започнал трката на 42 километри, лично не верувам, дури сум и убеден дека волјата кај секој еден спортист (маратонец) пред крајот на трката е најголема, желбата е најсилна да се успее да се истрае до крај. Јас познавам и признавам само европски пат, скренување на некој друг недефиниран, магловит и несигурен пат не сум убеден дека може да ни донесе нешто јасно и конкретно за нашата иднина. Точно е дека Европа се поигрува со нашите чувства и со нашето трпение, и не секогаш е принципиелна кон нас но ако се водиме по латинската “Per Aspera Ad Astra” нашиот пат е максимално трновит и со многу откажување кои пред се ги наметнуваат не само одредни домашни политичари кои гледат кон минатото туку сум максимално уверен и одредени економски моќници и компании кои не им е во интерес да сме дел од глобалниот европски пазар каде можете да се промовирате и да бидете конкурентни кај 731 милиони жители или пак 11% од вкупно светското население.

За жал сите тие синхронизирано во позадина работат на тоа нашиот пат да биде за цело време трновит и да почнеме да се колебаме до тој степен дури и да го напуштиме маратонот, но при тоа ие центри не нудат друга брза или маратонска патека, само гледаат кон истокот со што би сакале да је реактивираат идејата од договорот на Јалта “Железна завеса“ но сега без една Полска, Романија, Бугарија (Унгаргија) па дури и Албанија која полека се приклучува на западниот маратонски пат. Од друга страна, и европските политички авторитети со нивното колебање кон нас ризикуваат да го подигнат нивото на анти-западно расположение и тоа од причини што граѓаните на Македонија се изневерени и потценети за поддшкатакоја ја даваат за цело време. Факт е тоа дека денес после толку разочарувања почнувајќи од првото вето на Букурешкиот самит 2008 година кога соседна Грција ја почна нашата блокада се до денес кога и соседна Бугарија го прави истото но со уште поголема сила како членка на Европска Унија барајќи од нас да се откажуваме од нешто наше, нешто свое. Па сега логично е да се постави и прашањето дали во иднина и соседна Албанија како идна членка нема да најде “свои“ нови причини за истото а при тоа да биде поддржувана од Европската Унија.

Факт е дека маратонот мораме да го трчаме до крај мораме да бидеме истрајни но во исто време мораме да бидеме и мудри за да го завршиме маратонот. Назад враќање нема, колебање нема да донесе ништо позитивно, дури и користење на популизам моѓе само да ве награди на краток рок и пак ќе се сопнете на 40 километар. Еднаш реков и пак ќе напишам дека застапувам европски вредности така и ги воспитувам и насочувам моите најблиски дома, можеби тие вредности денес се негирани и исмејувани од мнозинството на наши граѓани но верувајте тие вредности се најреални и најперспективни за секој еден граѓанин, на крајот на денот да не звучам патетично но факт е тоа дека секој наш граѓанин кој речава да мигрира за свој подобар живот и стандард како и за живот во нормален вредносен општествен систем мигрира кон запад, верувам има мал и скромен процент на миграција кон исток. Верувам дека на крајот и нашата Влада без двоумење ќе го финишира долгиот трневит маратон кон запад.

Можете да прочитате

Наскоро нов продолжен викенд – Уште колку неработни дена остануваат до крајот на годинава?

Во вторник се потпишува договорот за унгарскиот кредит

Пронајдено тело на жена во Штипско – било во фаза на распаѓање