Утрински Весник
Свет

Патници сведочат за крвав чин во авион на „Бритиш Ервејс“: Искршил стаклено шише, избодел двајца патници

Патници сведочат за крвав чин во авион на „Бритиш Ервејс“: Искршил стаклено шише, избодел двајца патници

Патници биле избодени од скршено стаклено шише на летот на „Бритиш Ервејс“, пишува The Telegraph. Сето ова се случило по тепачка помеѓу неколку лица, еден час по полетувањето на летот BA2159 од лондонскиот аеродром Гетвик до Сент Лусија.

dobivaj vesti na viber

Пилотите го продолжија летот до меѓународниот аеродром Хеванора во Форт Виеу и покрај тепачката во кабината.

Според „Сент Луција Тајмс“, тепачката започнала кога еден патник, кој се расправал со друг за време на летот, скршил шише, со намера да го избоде другото лице.

Патниците и персоналот се обиделе да ги разделат двајцата тепачи, но жртвата се здобила со сериозна повреда, додека друг патник кој интервенирал имал исто така повреда и му помогнала медицинска сестра за време на летот.

Сведок на тепачката за „Дејли Мејл“ изјавил: „Бев на овој лет и овие момци пиеја и се шегуваа еден со друг пред да се случи ова. Еден човек беше прободен со нож во торзото, а друг во задниот дел од главата. За среќа, ситуацијата беше брзо решена и се се врати во нормала“.

Друг сведок изјави за „Сан“: „Беше ужасно кога патникот го скрши шишето и ги искористи фрагментите како оружје. Одеднаш имаше крв во кабината. Никој не знаеше колку ќе биде ужасно, а можеше да биде многу полошо“.

Портпаролот на Бритиш Ервејс изјави: „Шокирани сме што некој би постапил на овој начин и сме благодарни на нашиот високо обучен кабински персонал и клиентите кои ги поддржаа во справувањето со овој тежок инцидент. Сакаме да ги увериме клиентите дека ваквото однесување никогаш нема да се толерира и дека секогаш ќе преземаме соодветни мерки“.

Оттаму додаваат дека полицијата се занимава со овој случај, пишува The Telegraph.

Можете да прочитате

Евидентиран е првиот случај од новата варијанта на мајмунски сипаници во Европа

Вулканот Етна еруптираше, затворен аеродромот во Катанија

Хрватска и Грција се најголемите корисници на кохезиски и земјоделски фондови на ЕУ