Утрински Весник
Македонија

„Патека на бесконечноста за 63-те ангели“ – место за спомен и утеха во Стариот парк во Кочани

605880689 122121346587000749 4157640992408309841 n.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Здружението на граѓани „16-ти март“ ја презентираше својата визија за нов меморијален простор наречен „Патека на бесконечноста за 63-те ангели“. Иницијативата предвидува уредување на дел од Стариот парк, кој, наместо бетонска масивност, ќе понуди тишина, зеленило и достоинствено сеќавање. Целта е да се создаде место кое не е само визуелен споменик, туку простор што се чувствува – катче каде што граѓаните ќе можат во тишина да оддадат почит и да се потсетат на загубените животи.

Централниот дел на проектот е патека во форма на знакот за бесконечност (∞). Таа ќе биде изработена од природен камен или бел мермер со нелизгачка површина, пристапна и за повозрасни и за лица со попреченост. Формата без почеток и крај симболично ја претставува вечноста на споменот и љубовта. Меморијалниот дел е замислен без агресивни форми и фотографии, а предвидени се седум мермерни плочи со по девет имиња на секоја – вкупно 63 – со годината на раѓање, што ќе овозможи посетителите да застанат и да се поклони.

Проектот предвидува дискретна подна светлина која во вечерните часови создава впечаток на „63 тивки светлини“. Во еден мирен агол на патеката ќе биде поставена фонтана со скулптура на Богородица, каде што тивко ќе тече вода. Според здружението, „тоа е простор за молитва, солза и утеха. Скулптурата не доминира – таа прегрнува со присуство, како мајка што чува“. Во централниот дел на меморијалот ќе биде предвиден простор за полагање свежо цвеќе, додека целата околина ќе го задржи постоечкото зеленило, без огради и отворена за сите добронамерници.

Можете да прочитате

Калајџиев: Ако е празен буџетот, да ви дадам на заем?!

Николоски: После повеќе од 60 години Охридскиот аеродром е легализиран 

ОЈО бара конфискација на имот и продолжување притвор на Крмзов за незаконски поврат на ДДВ од 22 милиони евра