
Министерот за животна средина и просторно планирање Муамет Хоџа и директорот на ЗИП Институтот Агим Селами, потпишаа Меморандум за соработка со цел унапредување на енергетската транзиција и зајакнување на регионалната соработка во областа на енергетиката и животната средина, како и покровителство на Форумот за енергетика “МЕФ 2026”
Целта на соработката е промовирање на праведна енергетска транзиција, поттикнување на користењето обновливи извори на енергија и зајакнување на улогата на Република Северна Македонија како регионален фактор во овие процеси.
Форумот е планирано да се одржи во Скопје, на 16 и 17 јуни 2026 година. Посебен фокус ќе биде ставен на вклучување на високи претставници на институции, експерти и засегнати страни од земјите на Западен Балкан и Европската Унија.
Со потпишувањето на Меморандумот, двете страни ја потврдуваат заложбата за партнерски пристап, координација и размена на знаења, со цел успешна реализација на Форумот и унапредување на енергетските и еколошките политики во регионот.


