Натпреварот меѓу Партизан и Реал во четврток ќе започне со едноминутно молчење во чест на жртвите од пукањето во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Белград.
Во Србија е прогласена тридневна жалост, но натпреварот не е откажан. Во салата нема да има ниту музика, ниту вообичаен спектакл што ги следи натпреварите на Партизан во Арената во четврток.
Ова поради големата трагедија што денеска се случи во Белград когоа седмоодделенец пукаже во училиште и убу осум деца како и вработен во обезбедувањето.
Натпреварот меѓу Партизан и Реал, четврти во плејоф серијата на Евролигата, е закажан за в четврток од 20 часот и 30 минути.
Партизан води со 2-1 и му треба уште една победа за да се пласира на Фајнл-фор турнирот во Каунас (19-21 мај).
Доколку Реал победи во четврток, „ремек-делото“ ќе се игра во Мадрид на 9 мај.
The Euroleague Basketball family would like to extend its heartfelt condolences to the victims and families of Wednesday’s school attack in Belgrade, Serbia 🙏
— Turkish Airlines EuroLeague (@EuroLeague) May 3, 2023