Ја поздравуваме и поддржуваме воспоставената комуникација меѓу власта и опозицијата и убедени сме дека тоа ќе биде катализатор за европскиот пат на Република Северна Македонија, информираат од Партијата за движење на Турците.
„Партијата за движење на Турците (ТХП) е цврст застапник на државните стратешки интереси и со таа цел ги охрабруваме сите политички чинители, без разлика на идеолошки разлики да продолжат со политичкиот дијало“, додаваат од таму.
Граѓаните на Република Северна Македонија, според нивните оценки заслужуваат да бидат дел од ЕУ, а сите политички субјекти како што велат, ја имаат одговорноста во најбрз можен рок нашата земја да ја внесат во големото европско семејство.