Утрински Весник
Македонија

Партија на пензионери: Поддршка за закон за работно ангажирање

20250327082022 Big 730x400 61.webp.webp

Партијата на пензионери во потполност ја поддржува Владата во врска со најавата на премиерот Мицкоски за изработка и ставање во процедура на предлог на Закон за работно ангажирање на лица, со кој ќе се регулира работното ангажирање на студентите и пензионерите во формалната економија.

-Напоменуваме дека Партијата на пензионери во повеќе наврати досега предлагала овакво решение, со кое ќе биде регулиран работниот однос на оние лица кои се пензионери и студенти. Со оглед на хроничниот недостаток на работна сила во скоро сите сегменти на македонската економија, како и самиот факт дека досега ваквото ангажирање се одвивало како дел од сивата економија, каде што сите инволвирани како работодавачите, пензионерите, студентите но и самата држава беа губитници, донесување на вакво законско решение претставува голем исчекор напред во секој поглед за големата пензионерска популација но истовремено и за подобрување на повеќе од скромниот студентски стандард на сите студенти, како искрен влог на сите нас во нашата иднина т.е. младите, велат од партијата.


Партијата на пензионери, посебно го поздравува фактот што во предлогот на новиот Закон има поддршка и од парламентарната опозиција, што дополнително дава значење на истиот.

-Со ова законско решение, дефинитивно ќе има зголемување на јавните приходи по основ на даноци и платени придонеси, а истовремено ќе се придонесе и за сузбивање на неформалната сива економија, со што уште еднаш потенцираме дека ја има потполната поддршка од страна на Партијата на пензионери. Чесно, сплотено, одлучно, велат од Партијата на пензионери.

Можете да прочитате

Филков до Милошоски: Наместо манипулации, одговорете за правосудниот хаос што го оставивте!

Милошоски: Сите чинители во општеството треба да дадат придонес за почитување и имплементација на постоечките законски норми

Сашко Митовски: Ако имавме држава, Тоневски ќе беше на обвинителна клупа, а не да дебатира со мене на медиум