Утрински Весник
Свет

Парламентот на ЕУ иницира укинување на имунитетот на двајца европратеници

Парламентот на ЕУ иницира укинување на имунитетот на двајца европратеници
Dik 300x250 mk

Претседателката на Европскиот парламент Роберта Мецола денеска покрена итна постапка за одземање на пратеничкиот имунитет на двајца европратеници, на барање на белгиските правосудни органи поради истрагата за големиот корупциски скандал што ја тресе политиката на Европската унија.

dobivaj vesti na viber

Како што соопшти денеска Европскиот парламент, Мецола побарала од сите служби и комисии да и дадат приоритет на оваа процедура, со цел таа да заврши до 13 февруари.

Прес-службата на Европскиот парламент не ги идентификува двајцата европратеници, но според податоците на двете лица кои биле информирани за случајот и не смеат јавно да зборуваат поради истрагата која е во тек, станува збор за Андреа Коцолино од Италија и Марк Тарабела од Белгија, пренесува Бета-АП.

И двајцата се членови на групата социјалисти и демократи во Европскиот парламент. Трабела, чија куќа беше претресена од полицијата минатиот месец, тврди дека не направил ништо незаконско.

Третата пратеничка во Европскиот парламент, Ева Каили од Грција, веќе е обвинета во врска со скандалот, во кој наводно се вмешани функционери на Катар и Мароко, осомничени за тргување со влијание врз економските и политичките одлуки – со давање подароци и пари.

Таа беше разрешена од должноста потпретседател на Европскиот парламент, откако против неа беше покренато обвинение.

Таа ќе уживаше имунитет од гонење, но беше изведена пред судија откако белгиската полиција изврши рација на различни локации во Брисел и пронашла огромни суми пари во нејзиниот стан,пренесе Политика.рс.

Можете да прочитате

ОН доставија над 24.000 тони хуманитарна помош во Газа од почетокот на прекинот на огнот

Мерц и Ердоган со спротивставени ставови за војната во Газа

Над 130 убиени лица во полициска акција во Бразил