Утрински Весник
Македонија

Парламентарниот карван ја завршува обиколката низ општините во земјава

Sk karvan1.jpg

Парламентарниот карван под мотото „Собранието за граѓаните, отворено и одговорно“ денеска со настан во Жена паркот во Скопје ја завршува обиколката низ општините во земјава. 

Завршниот настан во Скопје е уште една можност граѓаните да се запознаат од поблиску со работата на законодавната власт и да се сретнат со пратениците од своите општини. Со почеток во 11 часот, во „Жена парк“, спроти Собранието на Република Северна Македонија, ќе се одржи финалната манифестација во рамки на Парламентарниот карван, кој тргна пред точно еден месец.


Почнувајќи од 10 мај, годинешниот Парламентарен карван, обиколи девет општини во земјава: Ресен, Крушево, Кратово, Крива Паланка, Валандово, Неготино, Тетово, Кичево и Куманово. Притоа, преку разни активности, беше испратена клучната порака на манифестацијата – дека Собранието како институција е одговорно пред граѓаните.

Оваа активност на Собранието е во рамки на Програмата за парламентарна поддршка (ПСП) за 2025 година, финансиски поддржана од Швајцарската Конфедерација, а спроведувана во соработка со НДИ, ЦУП и ИДСЦС. 

Можете да прочитате

Мицкоски: За 20 проценти се зголемени платите на социјалните работници

Кузеска: Врв на неспособност, граѓаните едвај врзуваат крај со крај а власта им вели „немаме магично стапче“

Сообраќајни измени: Мобилните телефони надвор од рацете на сите учесници во сообраќајот