Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Паркирањето во Центар ќе биде бесплатно за продлжениот празничен викенд, освен во сабота

Натепан вработен во Градски паркинг
300x250 opst2

Паркирањето во Општина Центар за време на Велигденските празници ќе биде бесплатно за сите граѓани.

dobivaj vesti na viber

Тоа значи дека во петок, недела и понеделник граѓаните ќе можат да паркираат без надомест на сите паркиралишта со кои стопанисува ЈП Паркинзи на Општина Центар.

Изостанува саботата бидејќи согласно програмата за неработни денови за 2023 година на Министерството за труд и социјална политика, сабота е работен ден и затоа паркиралиштата ќе работат со вообичаено работно време, соопшти Јавното претпријатие ПОЦ.

Депото на „Пајак“ службата ќе работи 24 часа за време на празниците.

 

Можете да прочитате

Студено со дожд, снег на планините и на повисоките места

Струмичките пожарникари синоќа изгаснаа голем пожар во магацини на комуналното претпријатие

Одрон на патот Живалево – Туралево, сообраќајот по една лента