Утрински Весник
Скопје

„Паркинзи“ на Центар со молба: Сите граѓани и компании да ни помогнат!

Image 239565.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Јавното претпријатие Паркинзи на општина Центар со апел до граѓаните.

– Како што и сами знаете, сите сме соочени со сериозна криза – еколошка катастрофа која може да предизвика тешки последици врз здравјето, пред сè на децата, но и на сите нас, на домашните миленичиња, како и на целиот екосистем. Оваа состојба не се однесува само на територијата на Општина Центар, туку ја зафаќа и целата територија на град Скопје. Ние, ЈП ПОЦ како ваш сервис кој првично е формиран за други намени, но постои и работи пред сè за да ви служи вам, во последниве недели се соочуваме со сè поголеми потешкотии при подигањето и депонирањето на насобраниот отпад, како и при спроведувањето на дезинфекција на просторите кои претходно беа затрупани со смет, наведуваат оттаму.


– Нашите хигиеничари, како што добро знаете, работат во повеќе смени – и дење и ноќе, секој ден, без прекин. Тие вложуваат надчовечки напори за да се надмине оваа тешка и сериозна состојба. Постапувајќи по заклучоците и насоките на Градоначалникот и Кризниот штаб на Општина Центар, упатуваме апел и искрена молба до сите Вас – до сите жители на Центар кои се во можност – да ни помогнат, за заедно и со заеднички сили што побрзо да ја надминеме оваа криза. Воедно, ги повикуваме и сите компании кои располагаат со соодветна механизација и опрема, да ни ја стават на располагање, со оглед дека моментално нашите ресурси не се доволни и не се предвидени за ваквата кризна ситуација, се наведува во апелот.

ЈП ПОЦ изготви дневен акционен план за сабота 25.10.2025, со прецизен распоред на пунктови и точно определено време кога и каде ќе бидат распоредени возилата и нашите екипи.

Пункт 1

Локација: Монтажна гаража зад ТЦ „Буњаковец“

Можете да прочитате

Минатата недела во Центар санкционирани 123 непрописно паркирани возила

Општина Аеродром со нова алатка за директна оцена на нејзината работа од граѓаните

Хуманитарен настан во МКЦ по повод 15 години Национална мрежа против насилство врз жени