МЗТ Скопје го победи Работнички со 91:87 во интересен дерби натпревар од 14. коло во Првата лига. Беше прикажана допадлива кошарка, но на трибините двете навивачки групи сепак создадоа одредени проблеми и го прекршија кодексот.
Поради тоа ќе треба да платат парични казни кон КФСМ, одреди Дисциплинската комисија.
МЗТ Скопје ќе треба да плати 26.000 денари, 10.000 денари за палење на факели, додека останатите 16.000 денари се за слаба организација и за неспортско навивање.
Работнички ќе мора да плати 10.000 денари за палење на факели, како и 8.000 денари за неспортско навивање и 4.000 денари за несоодветна опрема при пристигнувањето.