Утрински Весник
Спорт

Паредес се скарал со тренерот Алегри, дефинитивно заминува од Јувентус

Паредес се скарал со тренерот Алегри, дефинитивно заминува од Јувентус

Фудбалерот од средниот ред на Јувентус, Леандро Паредес, влегол во вербален судир со тренерот Масимилијано Алегри на утринскиот тренинг во понеделникот, откриваат италијанските медиуми. Светскиот шампион со Аргентина е нервозен поради малата минутажа што ја добива од Алегри.

dobivaj vesti na viber

По расправијата, на која сведочеле сите други фудбалери, Паредес одбил да замине на ручек со останатиот дел од тимот.

Ова само ќе ја зацврсти одлуката на раководството на Јувентус да не ги откупи правата на Паредес и тој ќе се врати во тимот на Пари Сен Жермен на крајот од сезоната.

28-годишниот Аргентинец беше доведен во Торино во август минатата година на позајмица, со опција за откуп за сума од 22,5 милиони евра.

Можете да прочитате

Почна судскиот процес за изнуда на пари од Погба, меѓу обвинетите и неговиот брат

Навивачите на Баерн со порака за претседателот на ПСЖ

Манчестер сити испушти 3:0 над Феенорд и ја продолжи серијата без победа на шест натпревари