Утрински Весник
Спорт

Паратичи го напушти Тотенхем

Паратичи го напушти Тотенхем

Фабио Паратичи повеќе не е спортски директор на Тотенхем. Италијанецот поднесе оставка од оваа функција откако не му беше укината 30. месечната забрана од фудбалот, бидејќи беше обвинет за проневера во неговиот поранешен клуб Јувентус.

dobivaj vesti na viber

Одлуката на Италијанската фудбалска федерација не се однесува само на работењето на Паратичи на Апенините, туку и на целиот свет.

„На Фабио не му е дозволено да ги извршува своите должности и затоа ја напушти функцијата за да не ги загрози интересите на клубот. Тој ќе ја продолжи својата борба за да ја докаже својата невиност“, се вели во соопштението на Тотенхем.

Паратичи пристигна во англискиот клуб во летото 2021 година и планот беше да се грижи за спортските работи на Тотенхем на подолг временски период.

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина