Утрински Весник
Свет

Парада на гордоста во Белград под слоганот „Не сме ни блиску“

Парада на гордоста во Белград под слоганот „Не сме ни блиску“

По единаесетти пат борци за правата на ЛГБТ+ заедницата прошетаа низ централните улици на Белград, главниот град на Србија.

dobivaj vesti na viber

Парадата на гордоста – една од најголемите досега се одржа под слоганот „Не сме ни блиску“, со кој се нагласува, како што соопштија организаторите, дека ЛГБТИ+ заедницата во Србија се соочува со насилство и дискриминација и дека нивните барања не се исполнуваат, пренесува агенцијата Бета.

„До лани чувствувавме дека работите се поместуваат, но во 2022 година беше стопирана работата на Законот за истополови партнерства, беше забранета „Еуропрајд“ – не сме ни блиску до исполнување на барањата, а истите се од 2014 година“.

 

„Не можеме да го посетиме нашиот партнер во болница, да наследиме имот или да го закопаме ако умре“, рече Горан Милетиќ, директор на Белград Прајд, непосредно пред почетокот на настанот.

Од министрите во Владата на Србија, на гордоста учествуваше само министерката за евроинтеграции Тања Мишчевиќ, а присутна беше и Милица Ѓурѓиќ, партнерката на премиерката Ана Брнабиќ.

Од другата страна на полицискиот кордон се собраа неколку десетици противници на одржувањето на Парадата, но настанот помина без инциденти, јави „Би-би-си“ на српски јазик.

Додека поворката минуваше низ улицата, две лица со темјан излегоа пред учесниците.

Претходната година во Белград се одржа Европрајд, најголемата европска манифестација на борбата за правата на ЛГБТ+ заедницата, чија организација оваа година свечено му беше предадена на Солун, вториот по големина град во Грција.

Планираната прошетка на учесниците минатата година беше забранета, но собирот се одржа.

На улиците беа присутни голем број полицајци, а паралелно имаше протести на десничарските организации и противниците на Еуропрајд.

Фото: „Би-би-си“

 

 

Можете да прочитате

Aвион на DHL се урна врз двокатна куќа во Литванија

Независниот кандидат Калин Георгеску е најверојатно новиот претседател на Романија

Се урна товарен авион врз станбен кварт во близина на аеродромот во Вилнус