Утрински Весник
Свет

Папата сака да ја посети Северна Кореја, ги повика властите да го поканат

Папата сака да ја посети Северна Кореја, ги повика властите да го поканат
Dik 300x250 mk

Папата Франциск во телевизиско интервју побара од властите во Пјонгјанг да го поканат да ја посети Северна Кореја, додавајќи дека нема да ја пропушти можноста да ја посети таа земја и да работи за мир. Потенцијалната папска посета на изолираната земја со нуклеарно оружје беше најавена во 2018 година кога поранешниот јужнокорејски претседател Мун Џе-ин започна дипломатија со лидерот на Пјонгјанг, Ким Џонг-ун.

dobivaj vesti na viber

Мун, кој е католик, на самитот рече дека Ким му рекол дека папата ќе биде „ентузијастички“ пречекан. Папата Франциск тогаш одговори дека би бил подготвен да ја посети таа земја доколку добие официјална покана. Но, Пјонгјанг во голема мера го прекина контактот со Сеул откако вториот самит меѓу Ким и тогашниот американски претседател Доналд Трамп во 2019 година не успеа.

„ Кога ќе ми се јават – т.е. ве молам јавете ми се – нема да кажам не“, изјави папата Франциск за јужнокорејската државна телевизија КБС. „ Целта е едноставно братство“, додаде тој.

Врските меѓу Северна и Јужна Кореја се на најниско ниво откако Сеул во мај го инаугурираше новиот претседател Јун Сук-Јол. Јун и понуди помош на Северна Кореја во замена за денуклеаризација, но режимот на Ким се потсмеа на планот.

Северна Кореја ја обвини Јужна Кореја за избувнувањето на Ковид-19 во мај, а претходно во август се закани дека ќе ги „збрише“ властите во Сеул како одмазда. Северна Кореја изврши рекорден број тестови на оружје оваа година, вклучително и истрелување интерконтинентална балистичка ракета со целосен дострел за прв пат од 2017 година.

Можете да прочитате

Кина лансираше вселенско летало со тројца астронаути кон вселенската станица „Тјангонг“

Во Истанбул на 4 ноември состанок на министрите од исламските држави за мировниот план за Појасот Газа

Пентагон дозволи испорака на ракети „Томахавк“ на Украина, конечната одлука ќе ја донесе Трамп