Утрински Весник
Свет

Папата Јован Павле Први беше прогласен за блажен

Папата Јован Павле Први беше прогласен за блажен
Dik 300x250 mk

Папата Јован Павле Први, кој почина во 1978 година, само 33 дена по устоличувањето, денеска беше прогласен за блажен во Рим, јавуваат агенциите.

dobivaj vesti na viber

И покрај дождот и грмежите, илјадници верници, меѓу кои и италијанскиот претседател Серџо Матарела, ја следеа мисата за беатификација, која е чекор до канонизацијата, на плоштадот Свети Петар во Рим.

Голема таписерија со ликот на Јован Павле I во базиликата Св. Петар беше свечено откриена за време на церемонијата.

„Папата Албино Лучијани со насмевка успеа да ја пренесе Божјата добрина и со него лицето на црквата е радосно, мирно, насмеано“ – рече папата Франциск во својата проповед.

Албино Лучијани бил популарен и близок со народот, а го наследил Јован Павле Шести во август 1978 година, кога имал 65 години. Починал по 33 дена, од срцев удар.

Можете да прочитате

Нема враќање на средствата на „Лукоил“, дури и ако санкциите се укинат

Се запали автобус со навивачи на „Барселона“ во Бриж, нема жртви

Над 30 повредени откако бил испуштен иритирачки гас во германско училиште