Утрински Весник
Свет

Папата останува во болница

Папата Франциск во посета на Казахстан

Папата Франциско има респираторна инфекција и ќе мора да помине „неколку дена“ во болница во Рим, соопшти Ватикан.

dobivaj vesti na viber

Папата има потешкотии со дишењето во последните денови, но нема ковид, се додава во соопштението, а пренесува Би-би-си.

Во соопштението се вели дека инфекцијата „ќе бара неколкудневна соодветна болничка медицинска терапија“.

„Папата Франциско е трогнат од бројните добиени пораки и изразува благодарност за блискоста и молитвите“, се додава во напишаното.

Во средата наутро тој претседаваше со својата неделна општа аудиенција на плоштадот Свети Петар. Иако изгледаше дека е добро расположен, беше виден како прави гримаса додека му помагаа да влезе во возилото, пренесува AFP.

Можете да прочитате

Израел нема намера трајно да го окупира Појасот Газа, уверува Нетанјаху

Ценaтa на нафтата близу 67 долари

СЗО: Во Газа регистриран е рекорден број деца со акутна неухранетост