
Папата Лав XIV денеска ги повика различните заедници во Либан да се обединат за да ја решат кризата во земјата. Тој го упати апелот додека служеше миса во либанскиот главен град пред десетици илјади луѓе, јавија британските медиуми.
Првиот папа роден во Америка се обрати пред толпата во Бејрут, повикувајќи го либанскиот народ да ги надмине етничките и политичките поделби и да стави крај на годините конфликти, политичка парализа и економска сиромаштија.
„Мора да се обединиме за оваа земја да може да ја врати својата слава“, им рече папата Лав на 150.000 луѓе што присуствуваа на настанот, според податоци од Ватикан.
Тој зборуваше неколку часа по молитвата на местото на хемиската експлозија во 2020 година што уништи делови од Бејрут.
Лав XIV е во тридневна посета на Либан како дел од втората етапа од неговото патување во странство, што започна во Турција. Таму, тој повика на мир на Блискиот Исток и предупреди дека иднината на човештвото е загрозена од конфликти низ целиот свет.
Поврзани теми

