Утрински Весник
Свет

Папата Франциско за нападите во Украина: Покренаа ураган насилство врз жителите

Папата Франциско за нападите во Украина: Покренаа ураган насилство врз жителите

Папата Франциско го осуди „немилосрдното бомбардирање“ на украинските градови и оцени дека нападите предизвикале ураган на насилство врз нивните жители.

dobivaj vesti na viber

Обраќајќи им се на илјадници луѓе на плоштадот Св. Петар тој ги повика „оние кои ја држат судбината на војната во свои раце“ да престанат.

„Моето срце е секогаш со украинскиот народ, особено со жителите на местата изложени на безмилосно бомбардирање“, рече папата.

„Нека духот божји ги преобрази срцата на оние кои ја имаат судбината на војната во свои раце, така што ураганот на насилство ќе престане и за да може да се врати мирниот соживот во правдата“.

Папата Франциско директно го повика рускиот претседател Владимир Путин за првпат по десет дена да стави крај на „спиралата на насилство и смрт“, предупредувајќи дека кризата ризикува глобални последици кои не можат да се контролираат.

Можете да прочитате

НАТО: Поддршката за Украина продолжува

Израел прифати примирје со Хезболах

Телефонски разговор Трудо-Трамп – 24info.mk