Утрински Весник
Свет

Папата Франциско: Се надевавме дека веќе нема да го слушнеме, ама повторно ни се закануваат со нуклеарно оружје

Папата Франциско: Се надевавме дека веќе нема да го слушнеме, ама повторно ни се закануваат со нуклеарно оружје
Dik 300x250 mk

Папата Франциско денеска ја спореди моментната ситуација во светот со кубанската ракетна криза во 1962 година, а водечките лидери на светските религии ги повикаа политичарите на мир за да се избегне заканата од нуклеарна војна.

dobivaj vesti na viber

Поглаварот на Католичката црква претседаваше со свеченото затворање на тридневната конференција во римскиот Колосеум, организирана од италијанската католичка заедница „Сант’Еџидио“, која се залага за мир во светот.

По одделните молитви на разни религиозни групи, папата Франциско во обраќањето до илјадници луѓе го осуди „мрачното сценарио, во кое, за жал, плановите на моќните светски лидери не ги земаат предвид праведните аспирации на народот“.

„Денес, всушност, отворено се заканува она за што се плашевме и се надевавме дека никогаш повеќе нема да слушнеме: употребата на атомско оружје, кое, по Хирошима и Нагасаки, продолжи погрешно да се произведува и тестира“, рече папата осврнувајќи се на можност за употреба на нуклеарно оружје во Украина.

Папата Франциско потсети како на 25 октомври 1962 година, во екот на кубанската ракетна криза, папата Иван XXIII апелира до тогашните лидери да го спасат светот од уништување.

„Денес, мирот е сериозно нарушен, напаѓан, и тоа во Европа, на самиот континент кој во минатиот век ги претрпе ужасите на двете светски војни“, додаде папата.

Можете да прочитате

Италија го повика рускиот амбасадор поради изјавите на Захарова за кулата во Рим

Русија планира да го признае мајчинството како вработување со полно работно време

Хамас: Континуираното уништување на куќи во Газа е прекршување на договорот за прекин на огнот