Утрински Весник
Свет

Папата Франциско примен во болница

Папата Франциско примен во болница

Папата Франциско е примен во болницата „Гемели“ во Рим на претходно закажани прегледи, изјави денеска неговиот портпарол Матео Бруни.

dobivaj vesti na viber

Во неделата, 86-годишниот поглавар на Римокатоличката црква се појави во јавноста и, според извештајот на Ројтерс, изгледа дека се чувствува добро.

Папата Франциско боледува од дивертикулитис, инфекција или воспаление на дебелото црево, а во 2021 година беше опериран и му беше отстранет дел од дебелото црево.

Претходно оваа година, папата рече дека инфекцијата се вратила, поради што се здебели, но рече дека не е премногу загрижен, пренесуваат медиумите.

Поглаварот на Римокатоличката црква има проблем и со коленото, поради што за време на јавните настапи се помага со стап и инвалидска количка.

Можете да прочитате

Унгарската влада најави 300 милиони долари помош за угостителите

Запалено американското знаме на протест во Цирих

Мерц нема да биде дел од церемонијата на Комитетот за мир во Давос