Папата Франциско денеска ја спореди војната во Украина со нацистичката операција во која беа убиени околу два милиони луѓе, главно Евреи, во првите години од Втората светска војна.
Обраќајќи им се на полските аџии на неделната генерална аудиенција, папата потсети дека Католичкиот универзитет во Лублин во Полска неодамна ја одбележа годишнината од „Операцијата Рајнхард“, објави „Ројтерс“.
„Операција Рајнхарт“ беше кодното име за нацистичкиот план за истребување на полските Евреи во дел од окупирана Полска, која ја вклучуваше територијата сега во Украина, пренесе Танјуг.