Утрински Весник
Свет

Папата Франциск вратен на механичка вентилација поради респираторна инсуфициенција

Papa 1.jpg

Папата Франциск, кој е хоспитализиран поради пневмонија, во текот на денот имаше две епизоди на акутна респираторна инсуфициенција, поради што беше потребна употреба на неинвазивна механичка вентилација, соопшти Ватикан.

Ватикан претходно објави дека папата бил симнат од респиратор и е во стабилна состојба откако помина две недели во болница.


Папата Франциск не е виден во јавноста откако на 14 февруари беше примен во римската болница „Агостино Џемели“, со тешки респираторни проблеми кои брзо прераснаа во пневмонија на двете белодробни крила, што му го отежна дишењето.

Ова е негово најдолго отсуство од почетокот на мандатот во март 2013 година.

Во текот на целиот период, тој останал буден и соработувал, соопшти Ватикан.

Можете да прочитате

Израел ја обвини Шпанија: Застанавте на погрешната страна од историјата

Трамп: Имаме доволно оружје за „бесконечна“ војна

САД ги повика своите граѓани веднаш да ги напуштат земјите од Блискиот Исток