Утрински Весник
Свет

Папата Франциск сакаше поедноставена процедура за погреб

Screenshot 2025 04 21 112109.jpg

Папскиот погреб традиционално е сложен процес, но папата Франциск неодамна ги одобри плановите за поедноставување на целата процедура за неговиот погреб, јавува Би-би-си.

Погребите на врховните поглавари на Римокатоличката црква, по традиција, вклучуваат три ковчези – направени од чемпрес, олово и даб, но папата Франциск избра да биде погребан во едноставен дрвен ковчег обложен со цинк. Тој, исто така, ја укина традицијата за поставување на телото на папата на подигната платформа, позната како катафал во базиликата Свети Петар, за јавноста.


Наместо тоа, ожалостените ќе бидат поканети да му оддадат почит додека неговото тело е во отворен ковчег.

Франциск, исто така, ќе биде првиот папа по повеќе од еден век кој ќе биде погребан надвор од Ватикан – неговите посмртни останки ќе бидат положени во базиликата Санта Марија Маџоре, една од четирите главни папски базилики во Рим, соопшти британскиот јавен сервис.

Ватикан во видео-соопштение претходно денеска објави дека папата Франциск почина на 88-годишна возраст. Папата Франциск беше првиот латиноамерикански поглавар на Римокатоличката црква.

Можете да прочитате

Анкета на ЈуГов: Трета светска војна е веројатна за пет до десет години

Израелски министер повика на „изгладнување до смрт“ на Палестинците во Појасот Газа

Мерц за шест гласа не успеа да биде избран за канцелар во првиот круг гласање