Утрински Весник
Свет

Папата Франциск повеќе не е во животна опасност, соопштија денес лекарите

Papa Francisk 1.jpg

Лекарите денеска соопштија дека папата Франциск повеќе не е во животна опасност откако помина три недели во болница во Рим поради бронхитис.

Сепак, тоа не значи дека 88-годишниот папа е здрав. Лекарите се уште се претпазливи и решиле да го задржат уште неколку дена во болница на лекување, а ќе мора да помине и период на рехабилитација пред да се врати на обврските.


Лекарите велат дека Фрањо бавно и постепено напредувал, но се уште не закрепнал целосно. Останува да видиме кога ќе може да се врати во Ватикан и дали ќе мора да добие дополнителен кислород.

Ватикан, исто така, објави дека Франциск денеска продолжил со физичка и респираторна физиотерапија.

Лекарот рече дека доаѓањето на пролетта треба да помогне.

Бронхитисот на Франциск обично се разгорува во текот на зимските месеци. Папата, кој има хронично белодробно заболување и на младоста му беше отстранет дел од белите дробови, продолжува да користи дополнителен кислород во текот на денот и маска за вентилација навечер, за да може подобро да дише.

Оваа недела се одбележуваат некои важни годишнини за Фрањо: денес се навршуваат 67 години од неговото ракополагање за језуитски свештеник, а во четврток се одбележуваат 12 години од неговиот избор за папа.

Можете да прочитате

Трамп: Нападите врз продажните места на „Тесла“ ќе бидат означени како домашен тероризам

Сириската влада потпиша договор за прекин на огнот со Курдите

Стапија на сила царините на Трамп од 25 отсто за челик и алуминиум