Утрински Весник
Македонија

Пановски: Внимание, стаорците нема да чекаат втор изборен круг, Владата итно да прогласи вонредна состојба

Debar maalo partizanska prepolni kontejneri za gjubre6 foto metamk min 696x522 1.jpg
Dik 300x250 mk

“Внимание, стаорците нема да чекаат втор круг на избори!!!

Вториот круг, заедно со рокот на жалби, предавањето на функцијата, нема да заврши пред 9.11.2025. За 18 дена стаорците, па и глувците може енормно да се размножат. Скопје веќе 20 дена е елдорадо за глодарите. Имаат достапна храна во изобилство. Излегуваат од подрумите, канализацијата и се хранат, се оплодуваат и за едем месец од секое животно ќе се создадат во просек по 10 младенчиња. Значи и по евентуално чистење на градот за 72 часа по 20 дена, ќе имаме илјадници гравидни глодарки кои на свет ќе донесат десетици илјади младенчиња. Можеби ќе имаме исчистен град, но глодарите ќе бидат многубројни и барајќи храна, ќе бидат крајно агресивни. Храната ќе ја бараат во нашите подруми и гаражи, а ако не ја најдат ќе ни влезат дома.
За болестите кои можат директно или индиректно да ги пренесат, прочитајте детално на постот кај колегата Ивица Апостолов, многу точно и коректно напишано.
Значи, апелирам до Владата, прогласете вонредна состојба, сметот почнете да го чистите веднаш!. МЗ, Центар за јавно здравје, Институт за јавно здравје, Агенција за храна и ветеринарство, што правите, па вие сте платени да апелирате, да наредувате, да превенирате, не е тоа моја работа. Десетици платени специјалисти по хигиена, епидемиологија, микробиологија, ветеринари, каде сте? Воопшто не е важно дали сега е опортуно да молчите, да чекаме да се исполни ветувањето за 72 часа, аман веќе, побарајте итна акција од Владата, ако не ве слушаат излезете на улица”, напиша доктор Никола Пановски на социјалните мрежи.


Можете да прочитате

Шок во Капиштец: 10-годишно дете каснато од глушец на игралиште поради ѓубрето во градот

Судир меѓу три возила во Тетово: едно лице со тешки повреди пренесено во болница

Алиу: Нашата цел е МЗ да стане пример за институција која функционира транспарентно, плански и професионално